Пелистер во четвртфиналето го елиминираше единствениот второлигаш Вардар Осигурување со 82-68. Битолчани го контролираа текот на натпреварот, а најголемата предност ја имаа во финишот на третиот период 67-52.
Достоинствен пораз на тимот на Петровски кои се покажаа во солидно издание парирајќи му на суперлигашот од Битола.
Најефикасен на мечот беше Николовски со 24 поени.