Ракометарите на Климент Охридски го претрпеа и третиот убедлив пораз во пролетниот дел од првенството во Суперлигата. Синоќа во Битола тие беа високо поразени од Пелистер со 40:21. Со оглед на актуелните случувања во охридскиот ракомет поинаков исход од натпреварот и не се очекуваше. Можност за малку радост и прв триумф оваа пролет, охриѓани ќе  имаат во сабота кога во “Билјанини извори“ гостува тимот на Т.К Бренд.

Делегацијата на Македонија имаше успешен состанок со претставниците на ЕХФ во Белград. Според договореното на средбата , делегацијата на ЕХФ ќе дојде во Македонија на 23 и 24 мај. Тогаш ќе биде извршена последната инспекција и ќе биде потпишан договорот за организацијата на Европското првенство во 2008 година”,

Во ЕХФ ја следат ситуацијата во Македонија во однос на Тв правата. Дилемата е  дали ќе има можности телевизијата да ги пренесува натпреварите и дали  средбите да бидат покриени со доволен број камери. Секако и за ова ќе стане збор на состанокот кој што ќе се одржи во мај, кога ќе бидат прецизирани сите работи околу ова првенство”, вели генералниот  секретар Драган  Начевски.

Покрај другото на состанокот било презентирано до каде е стигната изградбата на новата сала во Скопје и од овој аспект во ЕХФ се задоволни. Меѓутоа, тие се многу заинтересирани за тоа до каде се стигнати работите во салата  “Билјанини извори” во Охрид. Таму требаше да се извршат одредени поправки за да може салата да одговори на високите стандарди на ЕХФ.

Г. Момироски
М. Постолоски