Двете вечерашни четвртфинални пресметки на „Богородица куп 2026“ во Волино беа решени по изведување пенали. ДОЕЛ Ноче и Сатеска излегоа како победници од драматичните дуели и обезбедија пласман во полуфиналето.

Во првото четвртфинале ДОЕЛ Ноче и Чардак Велгошти одиграа без голови во регуларниот дел – 0:0. Во пенал-рулетот поуспешен беше ДОЕЛ Ноче со 5:4, со што го завери местото меѓу четирите најдобри.

Неизвесност до самиот крај имаше и на дуелот меѓу Сатеска и Асп Пак. По регуларниот дел резултатот беше 2:2, а Сатеска славеше по изведувањето пенали со 7:6.

1/4 финале:

ДОЕЛ Ноче – Чардак Велгошти 0:0, 5:4 на пенали
Сатеска – Асп Пак 2:2, 7:6 на пенали

ДОЕЛ Ноче и Сатеска се првите полуфиналисти на 28. издание на „Богородица куп“.

Г.М.