Пеналот „паненка“ кој се изведува со поткопување на топката е меч со две оштрици. Играчот кој го изведува ќе го матира голманот и ќе му внесе немир или ќе се посрамоти и вечно ќе биде тема на исмејување. Во следниов случај имаме токму такви примери.

Асот на Барселона, Лионел Меси со „паненка“ пенал ја најави победата на каталонците над Лион (5-1) која значеше пласман во 1/4 финалето. Кога се гледа како работите во фудбалот ги изведуваат фудбалери како Меси и Кристијано Роналдо изгледаат толку лесно и едноставно. Уживајте !

Дека не е така на дело ни покажа косовскиот репрезентативец Берсант Селина кој при обидот за „паненка“ се лизна и не само што не реализираше, туку и се посрамоти. Погледнете како изгледаше!

OhridNews