Екипата на Арсенал после изведувањето на пеналите го совлада Челси (6-5), откако регуларниот дел од градското дерби во Даблин заврши без победник (1-1).

„Топчиите“ во последните мигови од мечот погодија за реми преку Лаказет и го анулираа водството на „сините“ од 5-та минута со голот на Рудигер. Во текот на мечот Челси пропушти прилика за зголемување на предноста, откако Мората не реализираше удар од белата точка. Во пенал рулетот двете екипи погодија во петте серии, а Лофтус Чек во шестата промаши. Ивоби погоди за Арсенал и осигура победа.

Синоќа, контролни средби одиграа уште Бенфика – Лион (2-3) и Јувентус кој после изведувањето на пеналите го совлада тимот составен од фудбалери во МЛС лигата 5-3 (1-1).

OhridNews