Лидерот во Серија А, Јувентус против Милан во финалето ќе го брани трофејот во Купот на Италија.
„Бјанконерите“ на реваншот со Интер ја прокоцкаа предноста (3-0) откако „нероазурите“ славеа со истиот резултат пред своите гледачи.
Коцкањето со составот на Масимилијано Алегри скапо ќе го чинеше Јувентус кој пласман во финалето избори по пенал рулетот.
„Старата дама“ ги реализираше сите удари од белата точка, а домаќините промашија само еден и со 5-3 претрпеа елиминација.
Финалето од Купот се игра на 21 мај, а стадионот дополнително ќе биде одреден.
OhridNews











