Работнички со два удари во голот успеа да однесе победа и огормни три бода на гостувањето во Охрид. Охриѓани одиграа одличен меч се до таа 73 минута , кога Мантев покажа на белата точка, а Маневски реализираше за водство.


Неверојатно е што се домаќините не успеаа да реализираат во првиот дел, кога можностите пред голот на Маџовски се редеа како на филмска лента. Во серијата промашувања од возмонжни и невозможни позиции предничеа напаѓачите Клечкароски и Ѓуровиќ, кои не го пронајдоа патот до мрежата на одличниот Маџовски.

Немаа решение дефанзивиците на “романтичарите“ за брзоногиот Ѓуровиќ кој лесно се ослободуваше и во неколку наврати креираше шанси за своите соиграчи. Во финишот на првиот дел по една комбинација, Ѓуровиќ влезе во казнетиот простор, беше повлечен од Василев, но судијата Мантев не се одлучи да покаже на белата точка. Прочитана беше играта на “црвените“ кои во првиот дел не упатија ниту еден директен удар кон голот на Бубоња.


Сликата видно не се измена и во вториот дел, играта на средината на теренот не донесе чисти ситуации за гостите кои преку со долги топки преку Ступиќ ја бараа својата шанса. По една таква комбинација босанскиот интернационалец се закана но Бубоња го скроти неговиот удар.


Неколку минути подоцна следуваше шок за илјадната публика на стадионот “Атина Бојаџи“, Долга топка кој Ступиќ, овој ја спушти за Маневски, на него отиде Брадоњиќ, Маневски падна, а Мантев без размислување покажа на белата точка. Брадоњиќ заработи втор жолт картон, автоматски исклучувње.

По неколку минутното натегање Маневски го изведе удар, топката мина под телотот на Бубоња и ја мина гол линијата.

По тој момент, охриѓани останаа со играч помалце на теренот и гол негатива, и не успеаа психолошки да се вратат во мечот. Фудбалерите на Работнички одиграа искусно и го приведоа мечот до крај.

М.П.