“Росонерите“ прокоцкаа два голa предност на Артемио Франки и ремизираа со Фиорентина 2-2 во првиот натпревар од неделната програма во Серија А.


Милан со голот на Монтоливо во 14-та минута го отвори резултатот, а во 31-та минута “виолетовите“ останаа со десет фудбалери откако Томовиќ заработи директен црвен картон. Избраниците на Масимилијано Алегри одлично го започнаа вториот дел кога Фламини постигна погодок за 2-0.

Иако со фудбалер помалку Фиорентина не се предаде. За само седум минути домашните реализираа два пенала и освоија бод во дуелот со Милан. Во првиот обид прецизен беше Љаиќ, а во вториот пеналот во погодок го претвори Пизаро.

Резултати : Фиорентина – Милан 2-2, Катанија – Каљари 0-0, Самдорија – Палермо 1-3, Сиена – Парма 0-0, Удинезе – Киево 3-1, Интер – Аталанта 3-4, Наполи – Џенова 2-0.

Табела : Јувентус 71, Наполи 62, Милан 58, Фиорентина 52, Интер 50…

Мх.П.