Во работна посета на Охрид денеска ќе престојува дел од раководството на опозициската СДСМ, предводено од Стево Пендароски.

Како што е најавено, тој ќе има средба со граѓани, како и со раководството и членството на партијата во Охрид.

Во службена посета на Струга, пак, денеска ќе престојува министерот за внтарешни работи во техничката влада Оливер Спасовски.

Тој ќе ја посети полициската станица во Струга, по што ќе даде изјава за медиумите.

OhridNews