Претседателот Стево Пендаровски, од денеска – 11 ноември 2019 година, понеделник, престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на Парискиот мировен форум.

Вечерва претседателот Пендаровски ќе присуствува на вечерата во Елисејската палата што францускиот претседател Емануел Макрон ја приредува за шефовите на држави и меѓународни организации кои се дел од Парискиот форум за мир, а утре се очекува да има средба со францускиот претседател Макрон.

На 12 ноември претседателот Пендаровски ќе има свое обраќање на Парискиот форум за мир осврнувајќи се на регионалната безбедност.

Во рамки на Форумот, претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, австриската канцеларка Бригит Биерлејн, како и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

OhridNews