Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во „Вила Водно“ се сретна претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
На средбата се разговарало за состојбата со медиумските слободи во Северна Македонија, синдикалното организирање, како и условите во кои работат новинарите и медиумските работници.
Се дискутираше за прашањата кои е потребно да се уредат во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, како и за овозможувањето на соодветни услови за новинарите слободно да ја вршат својата работа, со оглед на тоа дека медиумските слободи се уште остануваат предизвик за кој е потребен ангажман на сите засегнати страни со цел изнаоѓање на долгорочни решенија. – информира Кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски даде поддршка за измени во Кривичниот законик со кои ќе се овозможи нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност. – соопшти Кабинетот на претседателот.

OhridNews













