Сите ние сме едно големо семејство кое има еден заеднички дом–тоа е нашата заедничка држава. Посакувам, во 2020-та, во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Вистинско помирување ќе имаме тогаш кога сите ние кои живееме во оваа држава ќе бидеме еднакви граѓани, со еднакви права и обврски. Владеењето на правото и правдата ќе ни ја врати не само довербата во институциите, туку и меѓусебната доверба, вели во својата новогодишна честитка претседателот на државата, Стево Пендаровски.