Пенелопе Круз три месеци откако го родила својот син се појавила во јавноста. Имено, нејзината фигура која нималку не открива дека станала мајка, ја покажала на премиерата на третото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“.


Актерката од Шпанија на црвениот тепих се појавила во црн долг фустан. Во нејзина придружба биле нејзиниот колега Џони Деп  и музичарот Кит Ричардс. Џони Деп се одлучил за ретро изглед и на себе имал црно-бел капут , црна кошула и црни пантолони.