Флавија Пенета ја осови својата прва Грен слем титула, откако во сеиталијанското финале на УС Опен ја совлада Роберта Винчи со 7:6, 6:2. Пенета на 33-годишна возраст стана највозрасната Грен слем шампионка во историјата на тенисот.
Пенета освои чек на 3,3 милиони долари и 2.000 ВТА поени и од понеделник ќе го има најдобриот ранкинг во кариерата, на ВТА листата таа ќе биде на осмото место. Винчи која не успеа да го повтори брилијантното издание од полуфиналето против Серена Вилијамс заработи 1,6 милиони долари.
Пенета пред мечот беше фаворит бидејќи против Винчи победи на пет од последните девет мечеви. Во првиот сет таа прва стигна до брејк, во петтиот гем, но Винчи успеа да се врати во мечот, да избори тај брејк кој Пенета го доби со 7:4.
Во вториот сет Пенета потсети на полуфинална игра против Симона Халеп и лесно го реши сетот со 6:2.
На доделувањето на победничкиот пехар Пенета ги шокираше присутните со објавата дека на крајот од сезоната се повлекува од професионалниот тенис.
„Макфакс“
Ohridnews











