„Како се станува пензионер и кои се активностите и придобивките на пензионерите“ беше главната тема на меѓугенерациската средба која се одржа вчера во охридското основното училиште ,,Христо Узунов“.
Оваа традиционална средба која има за цел да ги зближи пензионерите со учениците, како и со нивните родители и наставници, ја организираше Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца во соработка со Основното училиште „Христо Узунов“.
Од името на Локалната самоуправа меѓугенерациската средба ја поздрави заменик-градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, а свое обраќање имаа претседателот на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, директорот на О.У ,,Христо Узунов“ Тони Симоновски и претседателот на Месниот огранок на пензионерите на Горна Влашка Маала, Милан Малчески.
Меѓугенерациската средба на пензионерите и учениците, беше збогатена со богата културно уметничка програма во чии рамки настапија пејачката група „Далги“ и Драмско-рецитаторската дружина „Развигорче“ при ЗП Охрид и Дебрца.
OhridNews