Членови од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, меѓу кои и претседателот на здружението, Ѓорѓи Трпчески, претседателот на Собранието д-р Димитар Спасески и секретарот Стефан Владимиров, остварија средба со градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески. Целта на средбата беше да се разменат мислења, сугестии, насоки и можности за натамошна соработка, со оглед на тоа дека на подрачјето на Дебрца живеат околу 400 пензионери кои се соочуваат со повеќе проблеми од областа на физичката заштита, немањето аптеки за снабдување со лекови и општи здравствени амбуланти.
Ногачески ги прифати идеите, планови и насоки од здружението за обезбедување на бесплатен автобуски превоз на пензионерите, еднаш неделно (понеделник), потоа изрази подготвеност за отворање на аптеки, и подршка за масовната средба на Илинска планина која се планира да се одржи кон крајот на јуни заедно со ЗП Демир Хисар. Од преставниците на ЗП Охрид и Дебрца, градоначалникот Ногачески доби поддршка против изградба на депонија во селото Годивје.
Преставниците на ЗП имаа и работна средба со пензионерите од двата Месни ограноци од цела Дебрца, кои беа информирани за Извештајот за работа, материјално-финансиското работење, Годишната сметка за 2017 година и Програмата и насоките за работа за оваа година.
OhridNews













