Охридските пензионери со иницијатива за отворање на продавница во која би се продавале најосновните производи за домаќинство и прехрана, наменета за пензионерите од Охрид и Дебрца.

Како што информира претседателот на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорги Трпчески,  идејата е да се нудат производи кои би биле со поволни, дисконтни цени.

-Се надеваме дека во догледно време ќе наидеме на поддршка за реализација на ваквата идеја која ќе биде од голема помош за пензинерите и нивниот скромен семеен буџет. Не сме во можност да ја реализираме во овој момент, но идејата е добра и наиде на позитивни реакции од членовите. Се надеваме дека ќе добиеме подршка и од локалната самоуправа, вели Трпчески.

Идејата е продавницата да функционира во рамки на објектот на Домот за пензионери, со што би била достапна за поголемиот број пензионери во градот.  

Т.К.