Eдинствена планирана и предвидена локација за изградба на Дом за стари лица во Охрид е во населбата Далјан, информираат од локалната самоуправа, во врска со вчерашниот натпис на OhridNews околу долгонајавуваната иницијатива.

Во насока на непречена и постојана грижа за повозрасните охриѓани, локалната самоуправа е во план да изгради пензионерски дом во населбата Далјан.“ – велат од локалната самоуправа.

Во насока на развој на руралните средини, Министерството за труд и социјална политика има доставено предлог до општина Охрид, за изградба на ваква установа и во селото Вапила.

Доставен е предлог до општина Охрид од страна на Министерството за труд и социјална политика, дом за пензионери да се гради и во селото Вапила. Набрзо, локалната самоуправа ќе ја информира јавноста, каде и кога ќе се гради ова установа.“ – потенцираат од локалната самоуправа.

Инаку, старите лица и пензионерите од Охрид, за кои нема кој да се грижи или сакаат да живеат сами, се уште немаат каде да се сместат со оглед на тоа што охридскиот регион е без Дом за стари лица.

OhridNews