Статегот на Бaeрн Минхен Пеп Гвардиола и германскиот репрезентативец Томас Мулер се најдоа на насловните страни на светските медиуми поради уште една расправија. Имено, на последниот тренинг , Мулер не ги извршил прецизно тактичките замисли на каталонецот, по што Гвардиола регирал, а овој жестоко му возвратил. Веднаш потоа Мулер се извинил за неговиот гест, но “лузната“ останува.

Ваква расправија овие двајца имаа во финишот на минатата сезона кога Мулер гласно негодуваше на одлуката да биде заменет во финишот на мечот во Лигата на Шампиони против Барселона.

Новонастанатата ситуација будно ја следат во Манчестер Јунајтед, каде стратег е Луи Ван Гал, кој го лансираше Мулер во светската фудбалска елита.

– Кај мене Мулер ќе игра секогаш, без разлика на било што, Тој е како шило во противничкиот табор. Трча како коњ, а постигнува и голови. – зборуваше во суперлативи Ван Гал за Мулер за време на неговиот престој во Минхен.

Ваквиот однос уште повеќе ги подгрева гласините за можната трампа на релација Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен. Се шпекулира со имињата на Анхел Ди Мариа кој е желба на Гвардиола, додека на островот би се преселил Томас Мулер и Арјен Робен.

Баерн Минхен подготвува неверојатна понуда за Манчестер Јунајтед

Ohridnews