Манчестер Сити на гостувањето во Базел со највисоката победа (4-0) на гостински терен на една англиска екипа во нокаут мечевите широко си ги отвори вратите за пласман во ТОП 8 на стариот континент. Без разлика убедливиот триумф менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола ја смирува топката.

– Имаме одличен резултат после еден натпревар, но јас знам дека осминафиналето се игра во два натпревари и затоа ќе пристапиме со ист критериум и на мечот кој не очекува на Етихад. Гундоган е извондреден играч и сега можете да заклучите колку ни недостасуваше минатата сезона кога поради повреда отсуствуваше цели шест месеци. Работите оваа сезона ни течат според планот. Во Премиер лигата сме први со убедлива предност, играме во финалето од Лига купот, а во ЛШ покажавме квалитет за респект. – потенцираше Гвардиола.

Минатата сезона во ЛШ љубители на фудбалот сведоци беа на неверојатен пресврт кога Барселона надополна негатива 4-0 победувајќи го ПСЖ со 6-1 на Ноу Камп, но овој пат ситуацијата е целосно на страна од Манчестер Сити кој игра на домашен терен.

OhridNews