“Pepco” е еден од најбрзо растечките малопродажни ланци во Европа, со над 3.500 продавници во повеќе од 19 земји, меѓу кои Полска, Италија, Шпанија, Германија, Романија, Хрватска и Србија. Брендот е препознатлив по својата достапност, современ дизајн и ориентација кон семејната публика.
Отворањето на продавницата во Охрид Мол се очекува да привлече голем интерес кај потрошувачите и да означи почеток на пошироко присуство на “Pepco” на македонскиот пазар.
Новата продавница ќе се простира на површина од околу 500 квадратни метри и ќе понуди широк асортиман на производи – облека за жени, мажи и деца, како и производи за домот, декорации и сезонски артикли, по прифатливи цени.
Потпишувањето на првата локација претставува значаен чекор во регионалната експанзија на “Pepco” и ја потврдува атрактивноста на Охрид Мол како трговски центар за реномирани европски брендови.
OhridNews













