Англискиот премиелигаш Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа натпревар за заборав на Етихад ремизирајќи без голови (0-0) во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.


„Кралскиот клуб“ иако без првата виолина во составот Кристијано Роналдо беше подобар противник и имаше неколку прилики да постигне погодок кој широко ќе му ги отвореше вратите за финалето.

– Покажавме дека можеме и без Кристијано Роналдо кој ни е мотор во оваа екипа. Лукас Васкез одлично го пополни неговото место и заврши добра работа. Во Манчестер отидовме да извлечеме позитивен резултат пред реваншот на нашиот стадион. Делумно, успеавме бидејќи не загубивме, но реми без голови е најлошо реми во вакви мечеви. – рече португалскиот репрезентативец Пепе.

Дефанзивецот ја имаше најубавата прилика за погодок на мечот, но Џо Харт со бравурозна интервенција го спаси својот тим од негатива, а можеби и пораз. – Се случи многу брзо и немав време да размислувам каде и како да шутирам. Харт излезе добро ми го затвори целиот гол.


Одлуката за еден од двата финалисти во ЛШ ќе ја даде реванаш мечот на Сантијаго Бернабе кој се игра за недела дена.

ЛШ: „Кралевите“ ремизираа по планот на Етихад против Сити

OhridNews