Кристијано Роналдо остана единствен Португалец во Реал Мадрид, откако неговите сонародници Пепе и Фабио Коентрао го напуштија Сантијаго Бернабеу.

Пепе направи трансфер во турски Бешикташ, додека Коентрао замина на позајмица во Спортинг Лисабон. Пепе не беше задоволен од третманот од тренерот Зинедин Зидан, а левиот бек не се наигра во дресот на „кралевите“ по трансферот од Бенфика.

Во периодот кој следува Реал Мадрид треба да доведе соодветни замени за Пепе и Коентрао со кои ќе ги бранат титулите во Ла Лига и Лигата на Шампиони.

OhridNews