Првата виолина во составот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со погодок против Шалке во 1/8 финалето од ЛШ стави крај на голгетерскиот пост.


Португалецот беше и асистент за вториот гол за „кралевите“, кој го постигна бразилскиот репрезентативец.

– Нормално е луѓето да зборуваат и пишуваат кога фудбалер дава 70 погодоци во сезона, а не успеал да се запише во листата на стрелци три или четири натпревари. Роналдо е среќен како и секогаш и им дава мотив повеќе на соиграчите. Ние покрај головите од него бараме и среќата да ни ја пренесе во соблекувалната. – рече неговиот сонародник Пепе.

Роналдо гневот најмногу од навивачите на кралскиот клуб го навлече прославувајќи го роденденот по дебаклот од градскиот ривал Атлетико Мадрид 4-0.

– Тој знае што значи да  се игра за Реал Мадрид и одлично се носи со притисокот. Сите играчи сме на негова страна и се радуваме за неговиот погодок. – заклучи Пепе.

Во досегашниот дел од сезоната Роналдо постигна 27 погодоци во Ла Лига и 7 во Лигата на Шампиони.

Мх.П.