Големата и убедливата победа на Вардар во Будимпешта против тимот на Ференцварош го зачини Амандин Лејно која ја има најдобрата одбрана во петтата рунда од Лигата на Шампиони.
Една од противничките ракометари го помина бедемот пред голот на „вардарки“, но не и последната пречка, Лејно која со популарна „пеперутка“ го обрани ударот.
И покрај високата победа и маестралната престава „црвено црните“ немаа свој преставници во најдобрите пет голови и трите ѕвезди на колото.
Одбраната на Лејно и останатите четири одбрани можете да ги погледнете тука, ТОП 5 головите тука, а трите ѕвезди на колото тука.
OhridNews