Екипата на Лабуништа ги подели бодовите со Генч Калемлер ремизирајќи (0-0) на Градскиот стадион во Струга во рамките од 21-та рунда во Втората македонската фудбалска лига-запад. Домашните фудбалери имаа играа, креираа прилики, но гостинскиот голман и нефикасноста ги остави без трите бодови.

  • Изминатиов период работевме на пас играта и гледам забележителен напредок во екипата. Очигледно ќе треба да поработиме и на реализацијата, бидејќи денеска не беше на ниво. Да постигневме погодок од приликите во првото полувреме мечот ќе се отвореше и сигурен сум дека ќе стигневме до победата. Не се разочаруваме, се` уште сме во позиција и продолжуваме напред со кренати глави. – изјави тренерот на Лабуништа, Пепи Џигероски.

Тимот на Генче Калемлер задоволен си замина од Струга и го пофали домаќинот за гостипримството и фер и кореткната игра во текот на целиот натпревар.

  • Да им се заблагодарам на домаќините за гостопримството, добрата атмосфера и фер и коректна игра на теренот. Лабуништа во дуелот влезе како голем фаворит, ние како тим одигравме добро во текот на целиот натпревар и бодот го заслуживме. Од почетокот на втората полусезона не пратат пехови со повреди и никако не` можеме да фатиме ритам со најдобрата екипа. И на денешниот меч со Лабуништа ни фалеа два играчи, но успеавме да го надополниме и освоиме до бод кој ќе ни е многу значаен. – рече предводникот на гостите, Бирал Топчију.

Во следната 22-та рунда Лабуништа гостува кај Тетекс, додека Генч Калемлер го пречекува водечкиот состав на табелата, Струга Трим Лум.

OhridNews

Втора МФЛ: Лабуништа без муниција против Генч Калемлер