Второпласираната екипа на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, Лабуништа во Охрид ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона. „Црно белите“ комплетни и со нескриени амбиции ги започнаа подготовките кои ќе се одвиваат во Охрид и Струга.

  • Официјално ги започнавме подготовките за втората полусезона во Втората лига која за нас како клуб ќе биде многу важна. Амбициите се ресетирани во однос на почетокот на сезоната и во пролетниот дел ќе атакуваме на пласман во Првата лига. Од самиот старт ќе работиме со засилено темпо за што подобро да се подготвиме за предизвиците кои не очекуваат. – изјави тренерот на Лабуништа, Пепи Џигероски.

Стратегот на Лабуништа и неговите избраници низ контролни мечеви со екипи кои ќе се подготвуваат во Охрид и Струга ќе ја брусат формата за втората етапа во Втората МФЛ.

  • Закажани ни се контролни мечеви со Кораб, Ренова, Брегалница и Борец, а ќе ќе договориме уште неколку кои ќе ни послужат за брусење на формата. Уште еднаш ќе напоменам дека мора максимално да се подготвиме, бидејќи сме свесни за притисокот и обврската во продолжението од сезоната. – додаде Џигероски.

Ростерот на играчи не претрпе драстични измени и со стари сили Лабуништа ќе атакува кон историски пласман во најквалитетното фудбалско друштво во нашата земја.

OhridNews