Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентина Перез го поддржа италијанскиот стручњак Карло Анчелоти покрај лошите резултати на кралскиот клуб изминатиот период.


– Што и да се случи на резултатски план Анчелоти со сигурност ќе остане тренер на Реал Мадрид. Критиките кои ги добиваме се несразмерни со реалните случувањата на теренот. Ова не е неприфатливо бидејќи сите не напаѓаат поради слабите резултати. – рече Перез.

Тој се осврна и на навивачите кои со свирежи ги „наградија“ фудбалерите за поразот од Шалке 4-3 во Лигата на Шампиони и од Атлетик Билбао во Ла лига.

– Ги имаме најдобрите играчи и го заслуживме почитот од нашите, а и од другите навивачи. Овие исти играчи освоија трофеи кои навивачите ги чекаа повеќе од десет години. Им реков на навивачите дека сега е најважно да ја поддржат екипата бидејќи им е потребна како никогаш досега. – додаде Перез.

Шанса за излез од кризата „кралевите“ ќе имаат на домашен терен против Леванте во шпанската Примера.

Мх.П.