Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има се` помалку трпение за првата ѕвезда во екипата Кристијано Роналдо.


Според, „ЕСПН“ претседателот на кралскиот клуб одлучил да го продаде Португалецот кој на Сантијаго Бернабеу пристигна во 2009 година за тогаш рекордни 96 милиони евра.

– Стилот и однесувањето на Роналдо не му се допаѓа на Перез повеќе. Едноставно Роналдо станува неподнеслив во Реал Мадрид, нешто што e аларматно за Перез. Роналдо често патува во Мароко и не поминува заедничко време со екипата што исто така не е дозволиво за Реал Мадрид. – стои во текстот на „ЕСПН“.

Медиумиот смета дека Роналдо кариерата може да ја продолжи и заврши во Манчестер Јунајтед или пак Пари Сент Жермен, а не се исклучува и трансфер во американската МЛС лига.

OhridNews