Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез го крена гласот против ѕвездите во екипата кои се соочуваат со заминување од клубот.
На „црната“ листа од претседателот на „лос бланкос“ се најдоа Кристијано Роналдо, Кејлор Навас, Тони Крос, Карим Бензема, Серхио Рамос и Иско.
Перез веќе составил трансфер листа со фудбалери кои ќе го пополнат местото на ѕвездите во заминување од Реал Мадрид.
На списокот како потенцијални засилувања се наоѓат Тибо Куртоа, Роберто Левандовски, Еден Азард и Марко Верати.
Ohridnews











