Првиот човек на кралскиот клуб, Флорентино Перез со три мега трансфери ќе ги смирува навивачите кои се гневни по отпуштањето на тренерот Карло Анчелоти.
Навивачите во анкета на Марка се изјаснија дека во клубот за следната сезона ги посакуваат голманот Давид де Геа, Пол Погба и Марко Верати.
„Кралевите“ веќе имаат остварено контакти со голманот на Манчестер Јунајтед и францускиот репрезентативец Погба додека допрва на мени ќе биде Италијанецот, Верати.
Покрај овие тројца фудбалери Реал Мадрид се поврзува и со Серхио Агуеро, кој за 90 милиони евра треба да се пресели на Сантијаго Бернабеу.
Но, Перез пред да се впушти во трансферите прво треба да го реши тренерското прашање кое го остави отворено по отпуштањето на Анчелоти.
Мх.П.