„Дрим тимот“ на Барселона прослави нова победа во Асобал лигата победувајќи го Анхел Хименез 31:16 (16:9) и го продолжи триумфалниот низ.
Натпревар без грешка за каталонците одигра македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој постигна седум погодоци од исто толку обиди и четири пати асистираше до своите соиграчи.
Убедливиот триумф е вистинска најава за групната фаза од Лигата на Шампиони која стартува следниот викенд.
Мх.П.