41 победа, 10 нерешени средби и само два порази и три титули е ефектот на Зинедин Зидан после точно една година на кормилото од Реал Мадрид.
Францускиот стратег на клупата од „кралевите“ го наследи Рафа Бенитез кој воопшто не беше омилен ниту кај фудбалерите ниу пак кај навивачите.
– Денес е многу важен и емотивен ден за мене. Овој ден е поважен од оној кога станав играч на Реал Мадрид. На клубот ќе му го посветам цело мое срце и знеање. – истакна на првата пресконференција Зидан пред година дена.
И си остана на зборот, Реал Мадрид има серија од 39 натпревари без пораз, а вистинска анегдота е дека популарниот Зизу има повеќе трофеи отколку порази на Сантијаго Бернабеу.
Во првата година, Зидан со тимот успеа да ги покори стариот континент и светот освојувајќи ја титулата од ЛШ и СП за клубови, а во витрините го додаде и трофејот од Супер купот на Европа. Вистински перфектно !
OhridNews