Женскиот ракометен клуб Лихнид со убедлива победа 39-11 (22-3) над Кичево 10 ја започна новата сезона во младинската конкуренција.

„Китовите“ одиграа перфектен натпревар во двата правци. Одбраната во првиот дел дозволи само три погодоци, а нападот беше на висина на задачата и погодуваше од сите позиции. Разликата на теренот беше евидетна, но охриѓанки не се опуштија во ниту еден момент и покажаа зрелост и дисциплина за нешто повеќе сезонава.

Сите почести на мечот во СРЦ „Билјанини Извори“ ги заслужи одбраната предводена од голманското дуо дуо Марија Илоска – Наташа Танческа кои искомбинираа вкупно 16 одбрани и бедемот пред голот Викторија Алексиеска и Тамара Маркоска. Нападот го предводеше Теодора Балоска со 10 голови, по пет постигнаа Николина Угриноска и Маркоска, четири реализираше повратничка во охридските редови Јована Софковска, а на три застана Алексиоска кој запиша и десеттина асистенции.

Во втората рунда во Женската младинска лига „китовите“ гостуваат во Гевгелија.

OhridNews