Македонија и Србија во меѓусебен дуел во вторник ќе решаваат за третиот патник во втората фаза на Европското првенство во Полска.
Во првите два натпревари од ЕП двете селекциите претрпеа порази од Франција односно Полска, а дуелот ќе наликува на финале.
– Имаме големо мотив, но тоа не е доволно да се победи Македонија. Прво треба да веруваме во нас, а второ мора да одиграме паметно во текот на целиот натпревар. Се надевам дека играчите научија многу од мечевите со Полска и Франција и подготвени за борба ќе го пречекаат дуелот со Македонија. – рече селекторот Дејан Периќ.
Која и репрезентација да победи во дуелот нема да пренесе бодови во втората фаза поради елиминацијата на една од селекциите.
OhridNews