Македонскиот кошаркар Перо Антиќ е една од четирите желби на кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда. „Црвено белите“ се засилија на неколку позиции, а за комплетирање на екипата им е потребен висок кошаркар.
Желба на управата од клубот е Перо Антиќ и други тројца кошаркари со кои се преговара активно. Антиќ ги започна подготовките со тимот на Фенербахче, но српските медиуми пренесуваат дека тоа нема да биде пречка, ако двете страни најдат заеднички јазик.
Антиќ еднаш ги бранеше боите на Црвена Ѕвезда носејќи го дресот од 2005 до 2007 година. Тој не крие дека е голем фан на „црвено белите“ за што говори една од неговите неколку тетоважи посветена на клубот од Белград.
Две од преостанатите три желби на Црвена Ѕвезда се Кевин Џонс, кој во минатото настапуваше за Партизан и Душан Алимпијевиќ, додека третата не ја обелоденија српските медиуми.
OhridNews