Македонскиот кошаркар Перо Антиќ кој ги брани боите на Црвена Ѕвезда остана без тренер, откако Душан Алимпијевиќ си замина од клубот.

Алимпијевиќ оставката до раководството ја доставил после поразот од Мега Бемакс во плеојофот од најсилната кошаркарска лига во Србија.

„Црвено белите“ сезонава не обезбедија билет за настап во Евролигата, претрпувајќи пораз од Будуќност (3-1) во финалната серија, а не успеаја ниту во националниот Куп, каде претрпеа пораз од Партизан.

Оставка младиот стручњак поднесол после поразот од Борац Чачак во првата рунда, но раководството на белградскиот клуб експресно ја одбил.

Замена за Алимпијевиќ ќе биде Миленко Топиќ кој како помошник работеше во стручниот штаб на сега веќе екс тренерот Алимпијевиќ.

OhridNews