Советничката листа на Перо Петрески Калимеро денеска официјално ја објави поддршката кон кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов-Нанче.

„ Програмата која произлегува од ВМРО-ДПМНЕ, односно од кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов Нанче се совпаѓа со нашата програма и затоа застанавме зад него“, изјави Перо Петрески-Калимеро.

Тој изрази надеж дека идниот градоначалник нема да ги затвара вратите на општината за граѓаните.

„Досегашниот градоначалник направи барикади во локалната самоуправа“, рече Калимеро.
Кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов-Нанче рече дека не се плаши од која политичка партија се идните советници, туку е важно, да постои соработка помеѓу градоначалникот и советот и да се штити интересот на градот.

„ Советот е еден вид парламент на општинско ниво кој на предлог на градоначалникот ги носи сите одлуки. Ако градоначалникот подготвува одлуки кои се квалитетни и во интерес на граѓаните, мислам дека нема да има проблем во соработката помеѓу него и советот“, изјави Трендафилов.

Тој додаде дека   е отворен и транспарентен за соработка, а, како што рече, такви се и луѓето од советничката листа на Перо Петрески-Калимеро.

Ohridnews