Репрезентацијата на Перу ги комплетираше 32-те селекции учесници на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Русија.

Перуанците мундијалскиот билет го чекираа на домашен терен победувајќи ја селекцијата на Нов Зеланд со 2-0 во реваншот. Првиот меч заврши без голови и без победник.

Ждрепката за изгледот на групите ќе се одржи на 1 декември во Москва, а Светскиот собир започнува на 12 јуни 2018 година.

OhridNews