Селекцијата на Перу остана без својот капитен и најголемата ѕвезда во составот за престојниот Мундијал во Русија, Паоло Гереро поради позитивен допинг тест на кокаин.
ФИФА допинг тестот на Героро му го направила после квалификацискиот натпревар со Аргентина. Откако двата примероци биле позитивни дисциплинската комисија го суспендирала една година почнувајќи од 3-ти ноември.
33-годишниот фудбалер со искуство во Баерн Минхен, Хамбургер и Коринтијанс беше џокер и ѕвезда на перуанците, но после овој негов испад останатите фудбалери ќе мора без неговата помош да се борат во групната фаза.
Перу во групата на Мундијалот се наоѓа со Франција, Данска и Австралија.
OhridNews












