Како што информира СВР Охрид, вчера, во 13.10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „Опел Вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 57-годишен жител на Охрид удрило во пешак (37), од охридското село Куратица.

Во незгодата И.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, соопшти СВР Охрид.

OhridNews