Во сообраќајна несреќа што се случила вечерва на булеварот “Туристичка” во Охрид, повреден е малолетен пешак.
Според првичните информации од истрагата, при обид да го премине булеварот на необележан дел за тоа, односно надвор од пешачки премин, во пешакот удрило возило, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Повредениот е пренесен во болница, но се уште не е потврден карактерот на неговите повреди. На местото на несреќата извршен е увид.
Г.М.