Вчера во 09.20 часот, во близина на трговски центар на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода во која со тешки телесни повреди се здобил71-годишен скопјанец, кој бил хоспитализиран во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Тој, на пешачки премин бил удрен од патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишен жител на Скопје. – информира СВР Охрид.
Против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
OhridNews












