На денешната седница  во собранието на РМ, посветена на пратеничките прашања, пратеникот Александар Николоски постави пратенички прашања кои се однесуваат на  Охрид.

Првото прашање се однесуваше на состојбите во туризмот, каква сезона се очекува, какви се досегашните резултати, како и тоа дали со одлуката на Градоначалникот и Советот на општина Охрид  за определување на висина за комуналии од 90. 000 денари ( 1500 евра) по метар квадратен изградена површина за хотели, се дестимулира градбата на хотели во Охрид што дирекно влијае на туризмот.

Од страна на заменик- претседателот на Владата на Република Македониај задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, беше посочено дека високата цена за комуналии само се дестимулира градбата на хотели, што директно влијае на немањето нови работни места и повеќе гости и апелираше Советот и Градоначалникот на Охрид да ја преиспитаат оваа своја одлука.

Од страна на пратеникот Николоски, беше поставено прашање и околу спроведувањето на популарно наречениот закон за Охрид кој минатата година на предлог на Министерството за култура, а на барање на пратениците од Охрид ,го донесе Собранието на Република Македонија.

–    Согласно законот, Градоначалникот на Охрид и Советот требаше во рок од една година да донесат детален урбанистички план за старото градско јадро како заштитена споменична целина, како и прилагодени ДУП- ови за контакната зона која се наоѓа од стариот град се до булеварот Железничка. Иако, помина една година, тие ДУП-ови не се донесени со што граѓаните се соочуваат со проблеми да неможат да инвестираат во нови градби, ниту можат да ги реновираат постојните, а во исто време продолжува урбаното дивеење во Охрид од страна на градежниците, рече Николоски.

Од страна на министерот за култура, Елизабета Канчевска Милевска беше одговорено дека законот кој беше донсесен минатата година има за цел зачувување на автентичноста на Охрид поради што е светски познат, доаѓаат туристи и создава добра за жителите. Но, според неа, иако СДСМ декларативно го подржа законот во Собранието нивниот Градоначалник во Охрид не сака да го спроведе на терен со тоа што не се носат новите планови. Во исто време информираше дека во делот на надлежност на Министерството за култура законот се почитува, но клучна е улогата на Општината и Градоначаникот кои од една страна со непочитување на законот за Охрид го отежнуваат животот на Охриѓани, а од друга дозволуваат урбано дивеење на градежниците, што очигледно е намерата со неспроведувањето на законот, смета Канческа- Милеска.

OhridNews