Членовите на планинарското друштво “Карпа” од Пештани: Славчо Бакулески Димитар Бубески и Никола Бубески во придружба на членови од планинарското друштво “Димитар Илиевски – Мурато“ од Битола, изминатиот викенд го освоија вториот врв на Балканот, врвот „Мyтicаs“ на планината Олимп.


Како што вели Бакулески, најстариот член во друштвото “Карпа”, искачувањето беше напорно бидејки патеката е премногу стрмна и  треба да и се пристапи внимателно и без потценување.


Членовите на „Карпа“ планираат освојување на други врвови, но најавуваат дека повторно ќе се вратат на Олимп, која како што велат, е една од најтешките планини за искачување на овие простори.

OhridNews