
Ристески е роден во Струга, а живее во Охрид каде работи како одделенски наставник. Добитник е на повеќе сертификати од областа на педагогијата, образованието, ИКТ во наставата, современа организација во образованието и сл.Над 30 стручни трудови од наставно – воспитен карактер има објавено во гласилата: „Просветен работник“ и „Воспитни крстопати“.
Негови објавени книги се: Гревот на првата љубов (поезија), и Крајпатни ветришта (поезија). Поезијата на Ристески е објавувана во Франција (Поемхунтер), Црна Гора (Зборник Нови мостови) и Србија (списание Пљускови).
OhridNews












