Пет реванш натпревари од последниот квалификациски филтер ќе се одиграат вечерва во фудбалската Лига на шампиони.

Шериф и Севиља, на домашен терен ќе се обидат да ја анулираат минималната предност со која нивните противници Базел, односно Брага се стекнаа по првите натпревари.
Мечот во Брисел, Андерлехт-Партизан ќе стартува со резултат 2:2. Вистинското дерби ќе се одигра на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, Самдорија со негатива од 1:3, од првиот натпревар ќе го пречека Вердер.
Утре ќе се одиграат преостанатите пет реванш дуели. Комплетни двојки: Тотенхем-Јанг Бојс, Ајакс-Динамо Киев, Оксер-Зенит, Копенхаген-Розенборг и Жилина-Спарта Прага.
Ohridnews










