Седумчлено семејство Кочовски, пет деца и родителите, стравува дека секоја ноќ ќе им биде последна во куќата во која живеат. Треба да ја напуштат, но немаат каде да одат. Добиле стан од државата, ама не можат да се вселат. Станот го користела позната пливачка Атина Бојаџи, но по нејзината смрт нема кој да го испразни од мебелот и покуќнината, јавува Тв Телма.
Таткото Баге е фурнаџија, ноќе меси леб дење бара чаре за смејството. Сопругата се откажала од работа бидејќи нема кој да ги чува децата. Во малата подрумска просторија е претесно да се влезе. Неколкуте парчиња мебел семејството ги чува и треба да ги однесе во новиот стан.
Но бидејќи не се знае кога ќе се пресели, а сопственикот им вели дека мора да ја напуштата просторијата стравуваат да не завршат на улица. Ова нема да им биде прв пат да се најдат во мизени услови во подрумски простории или да ги бркаат од куќи. До сега смениле 18 живеалишта.
Сега имаат стан, ама исто како да го немаат. Знаат каде е, ја виделе зградата, но може да дојдат само до влезот.
Најрадосни за станот се децата. Ги собрале играчките и чекаат да добијат своја топла соба. Најстарото е осумгодишно момче кои учи во Драчево и е одличен ученик. Нему му е најтешко бидејќи ќе треба да смени училиште, нови другачиња, нови наставници. Но радоста за станот е најголема исто колку и стравот да не се остане на улица.
Семејството апелира државата да им помогне да се испразни станот кој веќе е нивни и по една деценија талкање семејството да почне да живее нормално.
OhridNews
Извор: Тв Телма