Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо именува пет играчи кои заслужија да ја добијат „Златната топка“, но не ја освоија наградата.

Јас би рекол дека има пет играчи кои не ја освоија Златната топка, а требаше да ја поседуваат. Тоа се Алесандро Дел Пјеро, Паоло Малдини, Франческо Тоти, Роберто Карлос и Раул Гонзалес. – рече Роналдо.

Бразилецот во текот на кариерата два пати се закити со оваа престижна награда. Роналдо ја освојуваше 1997 и 2002 година.

OhridNews