Германските репрезентативци неможат да се соземат од шокот во кој се најдоа заедно со француските репрезентативци на „Стед де Франс“.
Националната арена во Париз беше прва на удар од терористите кои со бомби нападнаа уште неколку места во главниот град од Франција.
Фудбалерите на двете репрезентации во соблекувалните од стадионот останаа до 3 часот по полноќ.
Петмина од германската фудбалска експедиција неможат се уште да се опорават од шокот и нема да настапат против Англија на Вембли.
Меѓу нив се Бастијан Швајнштајгер, Мануел Нојер, Лукас Подолски, Хектор и Жером Боатенг, а неколку се префрлени во У21 селекцијата.
Ohridnews











